catch up - онтологија

достигне повеќе

достигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне, стаса некого или нешто што се движи.
Албански: arrij, mbrrij
Примери:
Таа одвај ги достигна другите жени.

завтаса повеќе

завтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Втаса, стигне, дојде до некого што е понапред.
Албански: arrin
Примери:
Тој го завтаса селанецот и го удри со грбачот.

застигне повеќе

Види и: стигне (св.)
застигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Втаса, пристигне некого при одење, при движење.
Примери:
Tаа ме застигна на неколку чекори од портата.

настаса повеќе

настасаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се настаса) Се стигне со друг.
Албански: arrij, kap
Примери:
Одвај се настасаа дури кај чешмата.

настигне повеќе

настигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне, пристигне некого во одење, при движење.
Албански: mbrrin, arrin
Примери:
Таа кола никој не може да ја настигне.
(се настигне) Се стигне со друг.
Албански: mbrrin, arrin
Примери:
Се настигнаа дури кај пладне.

префати повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(се префати) се зарази
Албански: marr, infektohen
Примери:
Ги префати сипаниците од постарата сестра.